Европската Унија ги повика властите во Мјанмар да ги ослободат двајцата новинари на британската агенција „Ројтерс“, по денешното сослушување во судот во Јангон, на кое обвинителите побараа подигнување обвинение против нив повикувајќи се на законот за службени тајни.
Како што пренесува „Ројтерс“, во остро соопштение на 28-члениот блок, кој е значаен донатор на Мјанмар, се наведува дека случајот со новинарите Ва Лонеа и Кјао Сое Оа е важен тест за посветеност на таа земја за развојот на демократијата, по една година војна.