Осумдесетгодишен маж бил уапсен денеска во Швајцарија под сомнение дека ограбил банка во близина на кантонот Луцерн.
Осомничениот признал дека во декември минатата година извршил грабеж во банката, објавија од обвинителството.
Засега е нејасно дали осомничениот бил вооружен или колку пари украл, а веднаш по грабежот полицијата објавија фотографија од човек со маска на лицето и сина пластична ќеса.