Рашковски не е веќе владин претставник во акционерското собрание на Телеком

Од:

На денешната седница на Владата на Република Македонија беше одлучено генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски да биде заменет од позицијата претставник на Владата во Акционерското Собрание на Телеком. На таа позиција владата ја назначи Тања Чачарова Илиевска, советник за правда во канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија

Владата на Република Македонија донесе и неколку кадровски решенија и именуваше неколку нови директори на државни инспекторати. За директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство, Владата го именуваше Ејуп Јахја, за директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа, Сеад Садуковски и за директор на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.

За претставници во Советот на Јавната научна установа Институт за македонска литература Владата ги назначи Димка Митева, Љубица Станковска и Владимир Мартиновски.

Би можело да ве интересира

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните

СДСМ обвинува: Планот на Владата ќе ја турне државата во уште поголем долг

Горан Наумовски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски