Илјадници посетители на швајцарскиот ски-центар Зермат се отсечени од светот поради силните снегови што ги затрупаат приодните патишта.
Локалните власти предупредија на опасност од големи лавини, а туристите кои сакаат да го напуштат местото тоа го прават со хеликоптери.
Вчера беа затворени патиштата кои водат кон областа, а исто така откажани се и влозовите. Скијањето и планинарењето се забранети поради опасност од лавини.
Во областите над 1.500 метри надморска височина во Швајцарија во изминатиот период падна над еден метар снег, а Зермат е отсечен од вчера. Зимскиот центар, што се наоѓа во подножјето на врвот Матерхорн, и располага со над 13.000 легла.