Илјадници посетители на швајцарскиот ски-центар Зермат се отсечени од светот поради силните снегови што ги затрупаат приодните патишта.
Локалните власти соопштија дека во целиот комплекс има околу 13.000 туристи, кои не можат да заминат.
Состојбата дополнително е влошена поради тоа што снегот предизвика прекин на снабдувањето со електрична енергија.
Во прекин е и железничката линија, а расчистувањето на патот е отежнато поради опасноста од лавини.