Првиот човек на детската амбасада „Меѓаши“, Драги Змијанац, по учество на околу 7.350 дечиња, во организацијата Бадинкарски поворки, за „Макфакс“ вели дека сите градоначалници, оркестрирано и организирано со логистичка поддршка од градинките и училиштата направиле злоупотреба на децата.
Змијанац потенцираше дека градоначалниците подобро би било да бидат логистика за поворки со 7350 деца кои со маски ќе отидат пред општините, таму каде што воздухот е најзагаден за да се упатат апели за спот на аерозагадувањето.
„Таа согласност, што евентуално ја дале родителите на децата, не значи дека тие имаат и верско убедување. Јас ги канам градоначалниците да помогнат со логистика за организирање на превоз, за децата заедно со родителите, апелираат за чист воздух. Тие како градоначалници треба да ни помогнат да не секое второ дете да има последици од загадениот воздух. Оваа власт има поголеми приоритети. Приоритетот со аерозагадувањето е број еден, а тие за време на изборите даваа ветувања дека проблемот со загадувањето ќе биде решен. Имаме потреба за чист воздух, здрава животна средина и здрави деца. Ќе почитувам родителите заедно со своите деца да излезат на организиран марш, за чист воздух. Децата имаат право на живот, не само да ги изразуваат своите верски определби“
Земијанац вели дека едно е традицијата, а друго е да бидат организирани за да одат кај градските татковци за да се сликаат и од тоа да прават себе-промоција. Според него, тоа е политичка злоупотреба на децата. Тој е задоволен што Министерството за образование ќе изврши проверка дали училиштата и градинките дале логистичка поддршка за настанот „Бадинкарски поворки“, но тоа што имале можност сите да го видат во медиумите, кажува дека се било оркестрирано и организирано на многу брз начин.
„Јас мислам дека и во актуелнава власт има критично мислење, дека министерката за образование и наука е критична и објективна и дека навистина ќе ги најде дефектите во оваа синхронизирана и добро организирана посета на 7.350 деца“, дополнува Змијанац.
Детската амбасада „Меѓаши“ ќе регира на оваа, како велат, класична злоупотреба на децата, бидејќи за нив претставува популистички метод кој требал да заврши. Првиот човек на амбасадата, вели дека тие ќе го нотираат случајот во извештајот за правата на детето, од каде ќе се превземат одредени препораки.
Кристијан Ландов