Измените на законот за „свиркачите“ пред Владата

Од:

На предлог на министерството за правда, министрите ќе го разгледаат предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на укажувачи по скратена постапка.

На дневен ред е ставен и Предлог – законот за ратификација на Дополнителниот Протокол 5 на Договорот за изменување и пристапување на Централно Европскиот Договор за слободна трговија.

Министрите, во рамки на седницата, исто така ќе ја разгледаат и информација за реализација на препораките на ГРЕКО (Група на држави против корупција) на Советот на Европа дадени со Извештајот за евалуација на Република Македонија – Четврт круг на тема: “Превенција на корупцијата кај членовите на парламентот, судиите и обвинителите“- Втор ситуациски извештај на Република Македонија.

Како точки за информирање, на денешната седница меѓу другите, ќе биде разгледана информацијата за зголемување на придонесот на Република Македонија во мисијата на НАТО во Авганистан годинава, „Одлучна поддршка“.

Почетокот на 48-мата седница на Владата на Република Македонија е закажан за 15 часот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски