Една жена се задушила при пожар во стан на улица Шидска во Скопје, денеска попладнево, информираат од пожарникарската служба.
Противпожарните служби интервенирале со 2 возила и 5 пожарникари, а биле опожарени 20 метри квадратни и причинета штета од околу 70 илјади денари.