Скопска Апелација неделава ќе одлучува дали се оправдани притворите на осомничените за крвавиот четврток

Од:

Неделава судиите од Апелациониот суд во Скопје на јавни седници треба да расправаат за жалбите на осомничените за крвавиот четврток за продолжувањето на мерката притвор. Пред празниците, скопска Апелација ги испратила на одговор жалбите на осомничените до Вишото јавно обвинителство кои стигнале дотогаш, меѓу нив биле и на четворица пратеници.

Жалба за притворот поднеле и актерот Владо Јовановски, Горан Ѓошевски, поранешниот шеф на обезбедувањето на Трајко Вељаноски, Оливер Поповски од Шестата управа на МВР и Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање.

Судот пред новогодишните празници им го продолжи притворот за нови триесет дена на пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, на поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, на организаторите на протестите на „За заедничка Македонија“ Игор Дурловски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски и на уште шестнаесет лица осомничени за насилствата во Собранието.

Би можело да ве интересира

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Кривична за судијата Ѓоко Ристов за „противправно стекнување и прикривање имот“ и за „перење пари“

А1он

Судскиот совет одлучува за одземање на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

А1он

Апелација: Двојно повисока казна за двајцата директори обвинети за пожарот во модуларната во Тетово

А1он

Фетаи: Преку барање на повисока казна, не бараме освета – казната затвор не е само бројка, туку став

А1он

Претседателот на Кривичен суд Џолев избран за судија во Апелација

Катерина Ѓуровски