ВИДЕО: Пожар во центарот на Скопје

Од:

Пожар избувна во стан во Скопје на улицата Даме Груев. Пожарникарите успеаја да го изгаснат огнот пред да се прошири во останатите станови и простории.

На терен освен противпожарните возила може да се забележат и две возила на итната медицинска помош и полиција.

Неофицијално, според исказите на станарите, пожарот е подметнат од нивен сосед кој живее во зградата. Тие тврдат дека сам го запалил својот стан. Како што кажуваат, и претходно го пријавувале и имале проблеми со неговото однесување.

Станарот во чиј што стан беше пожарот во моментов се наоѓа во полициска станица, а неофицијално само еден пожарникар побарал медицинска помош.

Станар од петти кат се жали дека не може да излезе. Тој и неговата жена не можеле да дишат од чадот, а се уште не се евакуирани.

Полицијата не пушта никој да влезе во зградата, иако има станари кои бараат помош за да излезат и гласно негодуваат.

Во склоп на зградата има банки, но и други локали, кои не се опожарени и немаат штета.

К.Л.

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство