Пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ им ги честитаа празниците на граѓаните и присутните пред храмот. Според нив, ова е убав чин на почит кон религијата.
Пред присутните се обрати стариот кум Радко Манов.
„Да бидеш кум е најубавиот период во мојот живот. Изминатата година ја поминав со најблиските и соработниците. Оваа прилика ја користам да ве поздравам да ви посакам многу љубов, здравје и среќа”, рече Манов.
Тој му го предаде пехарот на Шилегов, а тој на новиот кум, Влатко Огненовски.
К.Л.