Детски бадникови поворки во пресрет на Божик

Од:

Денес низ улиците на сите градови во Македонија по вторпат ќе се одржи манифестацијата „Бадникови поворки“ како дел од прославата на Бадник и Божик. Во поворките учествуваат деца кои ја пејат Божикната песна со што ќе го најават Христовото раѓање.

– На бадинковите поворки во Скопје, каде што ќе биде централната манифестација, како и во останатите градови, е најавено учество на 7.000 дечиња кои ќе ја сочинуваат и најголемата коледарска дружина во Македонија, но и во православниот свет, велат од Здружението за возобновување на православните традиции во Македонија „Бадникови поворки“, организатор на активностите за прославата на Бадник и Божик.

Децата ја пеат божикната песна и носат божикни ѕвезди што ја симболизираат ѕвездата која ги водела тројцата мудреци до местото каде што бил роден Исус. Тие носат и специјално украсени пештери на кои е претставено Рождеството Христово.

Според најавата, во Скопје бадниковата поворка ќе почне од пред црквата „Пресвета Богородица“ од каде дечињата низ улиците во центарот со божиќната песна ќе го најават Христовото раѓање, по што ќе пристигнат во соборниот храм „Св. Климент Охридски“ каде ќе се приклучат на чествувањето на Бадник.

За манифестацијата „Бадникови поворки“ оваа година беше изработен и видео спот за песната „Вечниот Бог“, во изведба на Елена Ристеска, Тамара Тодевска, Викторија Лоба, Влатко Лозановски, Даниел Кајмакоски, Димитар Андоновски, Некст тајм и Златните славејчиња, во продукција на „Веста“.

Би можело да ве интересира

Централно одбележување на Бадник пред Соборниот храм, Јанковски и Тановски годинашни кум и здравичар

Православните христијани утре го слават Бадник, задутре Божик

Традиционално сечење бадникови гранчиња, на Бадник ќе им се делат бесплатно на граѓаните пред Соборниот храм

ВМРО-Народна ги повика скопјани да го бојкотираат палењето на бадникарски огнови

Православните христијани го слават Бадник

Катерина Ѓуровски

Православните христијани утре го слават Бадник, задутре Божиќ

Ана Ололовска