Православните христијани го слават Бадник

Од:

Православните христијански верници во Македонија денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик.

Бадник традиционално ќе биде одбележан со собир пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Во пресрет на Бадник, синоќа во скопските маала и во другите населени места во Македонија се одржаа народни собири со палење бадникарски огнови. Рано изутрина, пак, Рождеството Христово го најавија децата коледарчиња.

Македонскиот народ со многу внимание и почит ги одбележува овие празници. Божик е Господски празник и се празнува во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.

Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза. Домаќините се трудат да принесат од се по нешто за да им биде богата трпезата во текот на целата година. Се меси погача, а во некои места се прават зелници во кои се става паричка. Се верува дека оној кај кого ќе падне паричката ќе го следи среќа во текот на целата година. Пред почнувањето на вечерата на која сите се собрани, домаќинот ја благословува трпезата, го крши кравајчето, а некаде го дели зелникот, на толку делови колку што има членови во семејството, оставајќи уште дел за Бога и дел за куќата.

Исто така, вечерта во огнот се става бадниково гранче кое се смета за најздраво дрво, за да бидат здрави сите во семејството.Бадниковите гранчиња се симбол на среќата, љубовта и светлината, со кои православните верници ги украсуваат домовите за Бадниковата вечер, во пресрет на Божик, најголемиот христијански празник.

Би можело да ве интересира

Централно одбележување на Бадник пред Соборниот храм, Јанковски и Тановски годинашни кум и здравичар

Православните христијани утре го слават Бадник, задутре Божик

Традиционално сечење бадникови гранчиња, на Бадник ќе им се делат бесплатно на граѓаните пред Соборниот храм

ВМРО-Народна ги повика скопјани да го бојкотираат палењето на бадникарски огнови

Православните христијани го слават Бадник

Катерина Ѓуровски

Православните христијани утре го слават Бадник, задутре Божиќ

Ана Ололовска