ММФ од Албанија бара да ги зголеми даноците

Од:

Меѓународниот монетарен фонд побарал од албанската Влада да ги зголеми даноците, со цел да ги задоволи барањата на буџетот и да го запре растот на јавниот долг.

Според тиранската телевизија Топ чанел, во штотуку објавениот извештај, експертите на ММФ и препорачуваат на Владата во Тирана да почне повеќегодишна остра буџетска политика, со цел да го стави под контрола долгот, политика која главно треба да се ориентира кон приходите со зголемување на директните даноци, како што се персонален данок, данокот на добивка кај бизнисите.

ММФ оценува дека зголемувањето на даноците кои се потребни, не е закана за способноста на Албанија да ги зголеми странските инвестиции, доколку Владата ги намали административните давачки, кои влијаат врз цената на бизнисот, јави дописникот на МИА од Тирана.

Освен зголемувањето на даноците, ММФ до албанските власти и со препорака за низа други итни мерки во буџетот. Како прво, ставање крај на дефицитот на пензиите, кој според ММФ се влошил по намалувањето на придонесите во 2006 и 2009 година.

Втората мерка е да не се намалат јавните инвестиции. Последните години владините инвестиции биле најпогодени од намалувањето на буџетот. Тоа треба да се запре, зошто инвестициите не само што не треба да се скусуваат туку треба да растат.

Последната мерка предложена во фискалната политика е искористување на парите од приватизациите за намалување на долгот и подмирување на заостанати фактури.

Според ММФ еконмскиот раст во Албанија ќе биде низок се до 2017 година.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски