„Вашингтон пост“: НСА останува без кадар

Од:

Весникот „Вашингтон пост“ објавува дека американската Национална безбедноста агенција (НСА) се соочува со сериозен недостиг на луѓе бидејќи искусни разузнавачи ја напуштаат агенција поради повисоките плати во приватниот сектор и променетите услови за работи.

НСА останала без неколку стотици компјутерски инженери, кои се клучни за електронско шпионирање. Повеќето од нив заминале во приватниот сектор.

Оваа агенција е најголемата од 17-те американски разузнавачки агенции и има клучна улога во собирањето електронски информации и пресретнувањето и анлизирањето на разговори и електронски пораки.

Според „Вашингтон пост“, за разлика од други владини служби кои се соочуваат со намалување на персоналот, во НСА работните места се пополнуваат на време, но најчесто со неквалификуван кадар, поради што одредени одделенија останале преполовени.

НСА беше критикувана откако Едвард Сноуден пребегна од земјата и објави доверливи информации за нејзините тајни програми, вклучително и масовното шпионирање на американски државјани.

– На НСА и се случува смрт со мали илјада удари. Вработените си заминуваат масовно, изјавил неименуван поранешен офицер на НСА за „Вашингтон пост“.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија