Во мултимедијален центар-кино сала, Кратово утре ќе се одржи традиционалниот мал Божиќен Концерт „Химни на Рождество Христово“.
Настанот шеста година по ред го организира локалната самоуправа на општина Кратово, а како што информираат оттаму, и годинава овој духовно – културен настан ќе понуди богата програма составена од песнопенија посветени на големиот православен христијански празник во изведба на црковниот хор „Свети Ѓорѓи Кратовски“, Кристина Петровска од општина Кратово.
На концертот ќе учествуваат и децата-корисници од Дневниот центар за лица со телесна или ментална попреченост и учениците од основно општинско училиште „Кочо Рацин“ од Кратово.