Ние работиме со нашиот клучен стратешки партнер Турција на многу прашања – од безбедноста до миграцијата и продолжуваме да го имплементираме нашиот дел од договорот за миграција, исто како и турската страна, изјави денеска портпаролот на Европската комисија.
– Нашите односи се темелат на тесна соработка. Ние сакаме да продолжиме по тој пат. Кога е неопходно, потсетуваме дека европските принципи дека треба да се почитуваат, истакна портпаролот.
– Неодамна, претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер изрази загриженост дека Турција се оддалечува од ЕУ, но би сакале Анкара да се движи во спротивна насока. Јункер работи за тоа, разговара со претседателот Реџеп Тајип Ердоган. Ние би сакале нашите односи да останат на патот на соработката. Заедно можеме да ги надминеме заедничките предизвици, рече портпаролот на прашањето како очекува очекува да се развиваат односите на ЕУ со Турција во новата година.