Општина Гевгелија годинава за изградба нови и одржување на постојните локални патишта и улици ќе потроши 106,4 милиони денари или околу 1,7 милиони евра.
Од општината нагласија дека приоритет ќе биде даден за изградба на нови улици во новите станбени населби Караорман, Мрзенски рид и поранешна Касарна, во поголемите населени места, влезната улица во Конско како и изградба на улицата до селската црква во Серменин,работи за кои ќе бидат потрошени 35 милиони денари.