Програмата од областа на културата на општина Крива Паланка за 2018 година ќе се реализира со средства во висина од четири милиони денари, кои е планирано да се издвојат од општинскиот буџет, дел од буџетот на Република Македонија, но и од спонзорства и донации.
Најголем дел од средствата се наменети за традиционалните манифестации, препознатливи за градот за кои општината се јавува како организатор – 14-ти Интернационален фолклорен фестивал св.Јоаким Осоговски, 9-ти Меѓународен театарски фестивал Св. Јоаким Осоговски, петто издание на рок-фестивалот Џојфест, трет Меѓународен фестивал на староградска музика и свечености и праџнувања на новогодишни празници, за што вкупно се планирани два милиони и 800 илјади денари.