Во регионалната кошаркарска АБА лига претстојните три дена ќе се играат натпреварите од 17. коло.
Македонскиот шампион и претставник во ова натпреварување, екипата на МЗТ Скопје Аеродром својот натпревар од ова коло против Раднички во Крагуевац ќе го игра в понеделник.
За денеска закажани се натпреварите: Цибона – Крка, Широки – Партизан, Сплит – Игокеа и Будуќност – Шолнок.
Дуелите Црвена Звезда – Цедевита и Унион Олимпија – Задар ќе бидат одиграни утре.
Табела: Игокеа 13-3 (победи-порази), Црвена Звезда 11-5, Партизан 11-5, Будуќност 9-7, Цедевита 9-7, МЗТ Скопје Аеродром 9-7, Раднички 8-8, Унион Олимпија 8-8, Сплит 7-9, Цибона 6-10, Задар 6-10, Крка 6-10, Широки 5-11 и Шолнок 4-12.