Еден загинат и повеќе од 15 повредени во силната бура што ја зафати Западна Европа

Од:

Силната бура која што погоди делови од Западна Европа го одзеде животот на едно лице, а најмалку 15 се повредени во Франција и Швајцарија. Бурата е проследена со ветрови и до 160 километри на час и создаде сообраќаен хаос.

Метеж во сообраќајот силните ветришта предизвикаа во Швајцарија и Германија каде што возовите се лизгаа од шините, додека стотици илјади домови останаа без електрична енергија во цела Франција, Швајцарија, Велика Британија и Ирска.

Еден скијач загинал на француските Алпи, откако врз него паднало дрво, а многу луѓе денеска беа повредени откако воз излета од шините во близина на Ленк, јужно од Берн.

Во Германија, во близина на Линен воз излетал од колосекот откако удрил во дрво што паднало на пругата, но не е пријавено дека некој бил повреден.

Откажани се летови од аеродромите во Цирих и Базел.

Илјадници домаќинства во близина на Циришкото Езеро останаа без електрична енергија, а паднатите дрвја ги блокираа улиците.

Швајцарската полиција соопшти дека повеќе луѓе се заглавени на жичарницата во ски-центарот Пикол на Алпите, додека во многу швајцарски ски-центри престанаа да работат ски-лифтовите.

Во исто време, во Англија, бурата донесе град и грмотевици, а поради превртување на возила на патот поради невремето, властите затворија делови од три значајни автопатишта. Некои мостови се исто така блокирани за сообраќај.

Невообичаено високи брано предизвикаа делумно уништување на ѕидот на пристаништето Корнвол, во југозападниот дел на Англија.

Бурата беснее и на северот од Франција, каде што има голем број на уништени автомобили, урнати скелиња и расфрлани дрвја.

Околу 27.000 домаќинства во западниот дел на Ирска сè уште немаат електрична енергија, а куќите и продавниците се поплавени, поради бурата Елеанор и ветрови кои дуваат и до 155 километри на час.

Француската дистрибуција на електрична енергија објави дека невремето оставило околу 200.000 домаќинства без струја, вклучувајќи 30.000 во парискиот регион.

Поради силните ветришта, летовите на аеродромот Шарл де Гол во Париз се одложени, а беа преземени дополнителни мерки на претпазливост при влегување на патниците во авион.

Во Германија автопатите во западниот дел на земјата се делумно блокирани поради паднати дрвјата и поплави, додека зоолошките градини во Минхен и Аусбург во Баварија се затворени денеска, а возовите до највисоката германска планина Шугшпиц, поради невремето, не сообраќаат.

Во соседна Австрија поради силни ветрови и обилниот снег беа откажани скијачките скокови во Инсбрук.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Трамп: Европа ќе плати висока цена за недоволниот увоз на производи од САД

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во Европа беснеат поплави: Во Романија има мртви, во Чешка евакуирани стотина граѓани