ЈП Паркови и зеленило: Уништен парковски инвентар

Од:

„Изминатиов период чуварските служби на ЈП „Паркови и зеленило“ на реонот во парк – шумата “Водно“ увидоа уништување на повеќе парковски елементи. Се почесто се среќаваат уништени и оштетени информативни табли, корпи за отпадоци, оштетувања на видиковци, парковски клупи и маси за посетителите, што говори за вандалско и несовесно однесување кон истите.

Потребата и значењето на парковскиот инвентар и нивната намена за одмор и рекреација е се поголема, особено во градските средини, како составен дел од програмската содржина при посета на парк – шумите, парковите и урбаното зеленилото. Оттука апелираме до посетителите да совесно и одговорно се однесуваат кон урбаната парковска опрема, како и кон природата“ се вели во соопштението на ЈП Паркови и зеленило.

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство