Воздухот во Скопје повторно загаден, измерени над 600 микрограми

Од:

Во изминативе два дена воздухот во главниот град беше загаден, а највисоки вредности на ПМ10 честички беа измерени во Лисиче – 629 микограми на метар кубен.

Во Центар биле измерени 152 микограми на метар кубен, 221 кај Ректоратот, 241 во Гази Баба, 245 во Карпош, а 473 микограми на метар кубен во Лисиче.

Во Центар на 1 јануари концентрациите се движеле од 101 до 352, во Гази Баба од 110 до 418, во Карпош од 107 до 447, во Лисиче од 161 до 556 и кај Ректорат од 125 до 415 микрограми на метар кубен.

Загадувањето било високо и во текот на ноќта. Мерните станици покажуваат концентрации во Центар од 96 до 205, Гази Баба од 113 до 522, Карпош од 97 до 349, Лисиче од 206 до 629 и кај Ректорат 167 до 468 микрограми.

Се препорачува користење на јавниот превоз во случај на два последователни дена со реднодневни концентрации над 100 микрограми на метар кубен. Освен тоа препораките предвидуваат и да не се користат возилата без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума или било каков синтетички материјал да не се користат за затоплување на простории.

Се препорачува и ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација деца, стари лица, болни од хронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма, но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот.

Максималната дозволена граница за овие честички пропишана од ЕУ е 50 мг на кубен метар. Што се однесува до ПМ 2,5 честиките чија дозволена максимална граница е 25 мг на кубен метар, нивното ниво беше исто така многу високо.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот