Бенџамин Балерет и Џуилауме Коилард од Монако се запишаа во историјата на тенисот одигрувајќи го најдолгиот тај-брејк на Фјучрсот во Флорида.
По повеќе од 30 минути игра, Балерет ја доби 13-та игра од првиот сет со резултат 36-34. Вториот сет траеше многу пократко, а Балерет славеше со 6-1.
Досегашниот рекорд изнесуваше 38 поени, а се повторил шестпати. Интересно е тоа што двапати тоа му се случило на Горан Иванишевиќ.
Првиотпат на УС Опен во 1993 година, а вториотпат во 1997 во Квинс каде се играло до 20-18.