ВИДЕО: Шилегов, Царовска и Филипче го посетија првото новороденче во 2018 година

Од:

Министерот за здравство, Венко Филипче заедно со градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, денеска на Гинеколошко-акушерската клиника го посетија првото новороденче во 2018 година на кое традиционално му подарија мече и штедна книша со 20 илјади денари.

– Горд сум што имав можност да им честитам на родителите за нивното второ дете, им посакавме тоа мало девојче да израсне во голема девојка, да биде дел од градот Скопје. Со родителите разговаравме и падна договор наредната година да не повикаат на роденден и крштевка, рече градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска рече дека Владата и МТСП во иднина ќе посветат големо внимание кон децата и ќе се грижат за секое дете во Република Македонија преку заедничка соработка.

-Ќе работиме на квалитетот на предучилишното образование за да можеме да го искористиме целиот потенцијал кај младите во нашата држава, рече Царовска.

Првото дете во оваа година е женско, тешко 6 килограми и 70 грама и 49 сантиметри долго.

-Нека биде и оваа година берикетна како и што почнавме со женско дете. Да го заборавиме лошото и да размислуваме на иднината со убави моменти. Децата се богатство, колку повеќе деца имаме толку е поголема волјата за живот, рече докторката која го породи првото бебе, Адела Стефанија.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство