Леуварден и Валета – престолнини на европската култура во 2018-та

Од:

Холандскиот град Леуварден и Валета, главниот град на Малта, од денеска ја делат титулата „Европска престолнина на културата“ во 2018 година, а ја преземаат од данскиот Орхус и кипарскиот град Пафос.

Организаторите на програмата за 2018-та во Леуварден најавија отворање на целогодишната манифестација на 26-ти и 27 јануари кога сите плоштади на градот ќе бидат поврзани со настани со танц, театар, музика и песна. Идејата им е да го покажат нивниот „iepen mienskip“ односно отворено општество.

Леуварден е административен центар на покраината Фризија во северна Холандија, која е најголема доколку се бројат и водните површини, и е единствена покраина во Холандија со свој јазик (западнофризиски). Има неколку острови кои со копното се поврзани со траектен сообраќај и четири национални паркови.

Во пресрет на преземањето на титулата, Музејот на Фризија на 15 октомври отвори изложба по повод сто години од смртта на Маргарета Зеле, попозната под псевдонимот Мата Хари, која била родена во Леуварден во 1876 година.

Главниот град на Малта, Валета, е исто така европска престолнина на културата оваа година. Организаторите најавија дека нивната едногодишна културна манифестација ќе почне со свеченост достојна на традиционалната Maltese Festa, поканувајќи ги Европејците да ја посетат Неделата на отворање (14-21 јануари).

Програмата со улични перформанси, изложби, фестивали, дигитални проекции и видеоарт ќе почне во главниот град но ќе продолжи низ цела Малта и нејзините острови.

Меѓу настаните од програмата на „Валета 2018“ е и музичкиот интернационален барокен фестивал, што ќе се одржува од 13-ти до 27 јануари, на барокни и историски локации во градот. Во Валета се наоѓаат голем број знаменити градби од 16 век и градот зрачи со уметнички стилови, како маниризам, барок, неокласицизам. Поради тоа наследство градот Валета е запишан на листата на светско културно наследство на УНЕСКО.

Во 2019 година престолнини на европската култура ќе бидат италијанскиот Матера и бугарскиот град Пловдив, во 2020 Риека во Хрватска и Голвеј во Ирска, а во 2021 титулата треба да ја делат три града – романскиот Темишвар, грчкиот Елефсина и српскиот Нови Сад.

Би можело да ве интересира

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија