До првата половина на февруари 2018 година бизнис заедницата треба да ги достави предлог-измените на законите за туристичка и угостителска дејност.
Ограничување на важноста на лиценците за туристичка дејност на три години, можност за воведување нова лиценца за тур-оператори, осигурување аранжмани, лиценци за туристички водичи со рок на важност, како и зајакнување на контролите за нерегистрирани агенции и водичи со цел спречување на нелојалната конкуренција, се само некои од измените што се предлагаат.
Во однос на усгостителската дејност, се бара измена на Правилникот за категоризација во насока на вреднување на услугата, категоризација на сите угостителски објекти за сместување и за исхрана со посебни правилници, вклучувајќи ги и новите форми кои досега не биле опфатени, регулирање на продажбата преку он-лајн оператори, воведување електронски систем за пријавување туристи, регулирање на таксата за привремен престој, зајакната контрола на нерегистрираните угостителски објекти,…