Дедо Мраз пристигнува на плоштад

Од:

Изминуваат последните часови од старата година, расположението во Скопје го достигнува својот максимум а нашата „Улица на радоста„ на Плоштад Македонија е највеселото место особено за најмладите.

Илјадници наши сограѓани не посетија во изминатите денови, се забавуваа со детската новогодишна програма, прошетаа и си одбраа подароци или пак само се стоплија со вкусните топли напитоци.

Утре е последниот ден од оваа година и традиционално во 12 часот на пладне го очекуваме доаѓањето на Дедо Мраз на Плоштад Македонија, а Град Скопје и оваа година се потруди да понуди интересна и богата програма за најмладите.
Годинава, најпознатиот дедо на светот , заедно со своите придружници во Скопје ќе пристигне во еко мобил и ќе ни ја пренесе пораката дека мораме да ја чуваме планетата, да се грижиме за екологијата и дека секој од нас може и мора да продонесе за почиста животна средина.

Дедо Мраз ќе го пречекаат Златните Славејчиња а по неговото пристугнување тој со неговата дружина ќе ја одиграат претставата „Дедо Мраз во пензија„ и ќе и се придружат на веселата музичка парада.

Новата Година на сите деца во Скопје ќе им ја честита градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето