„Народно движење за Македонија го повикува премиерот Зоран Заев да не оди во Солун на новогодишната прослава по тешкото понижување од солунскиот градоначалник Јанис Бутарис, кој, на отворена сцена изјави дека тој не го повикал Заев туку македонскиот премиер „самиот се повикал„ новогодишната ноќ да ја помине во Солун.
Истовремено, НДМ изразува голема загриженост од владината реакција која наместо осуда на тешката навреда спрема еден премиер на држава, се обидува да ја оправда изјавата на Бутарис велејќи дека Заев ќе оди во приватна посета во Солун, а за време на посетата само ќе има заедничка вечера со градоначалникот Бутарис.
Меѓутоа, владините советници на Заев манифестираат целосно непознавање, бидејќи, премиерот на државата според меѓународното право ја претставува владата и за врема на приватна посета во странство, дотолку повеќе, и таков случај Заев, неговото семејство и придружбата ги уживаат меѓународно-правно признатите привилегии и имунитети и не подлежат на јурисдикција на странска држава.
Со еден збор, со тешкото понижување на премиерот Заев не е понижен само Заев како приватна личносту, туку е урнато достоинството на Република Македонија.
Затоа, НДМ го повикува Заев да го откачи Бутарис и новогодишната ноќ да ја помине во земјата“, се вели во соопштението на НДМ.