ФОТО: Во плинска боца пронајдени 15 кг марихуана

Од:

Царинските службеници, денеска спречија уште еден обид за нелегално пренесување на нови 15кг марихуана.

„Поради сомнително однесување на возач – албански државјанин на возило марка Мерцедес со бугарски регистарски таблички, пријавено за излез од државата, царинските службеници на граничниот премин Табановце пристапиле кон детална контрола на возилото. Притоа, во плинската боца – резервоар за системот за погон на возилото, пронајден е посебен специјално направен сад од метал, кој бил херметички затворен и вметнат во резервоарот, во чија внатрешност се откриени 15 најлон кеси со непозната растителна материја. При тестирање со тестер за дрога утврдено е дека станува збор за високо квалитетна марихуана (сканк) со вкупна тежина од 15 кг. Вредноста на дрогата, доколку би се продавала на западноевропскиот пазар би достигнала околу 100 илјади евра“, информираат од Царината.

Лицето е предадено на инспектори од Одделението за истраги при Царинската управа, кои во моментов вршат распит.

По завршување на истражната постапка и комплетирање на доказниот материјал, лицето и целокупното досие ќе бидат изнесени пред истражен судија.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски