Архитектката Лори Кларк се зафатила со сериозен проект – да пренамени стар јавен тоалет во дом.
Тоалетот бил напуштен 30 години во центарот на Лондон. Таа долго размислувала како да го пренамени овој простор. Првичната идеја била да го претвори во театар, но сепак се одлучила за дом за живеење.
Куќата располага со 50 метри квадратни, а внатре има се што е потребно за удобен живот.