И Општина Аеродром нема да финансира бадникови огнови

Од:

Општина Аеродром нема да финансира бадникови огнови поради загадувањето, информираат од Општината.

„Аеродром ги почитува празничните традиции, но како одговорна институција должност ни е да апелираме до граѓаните да го имаат предвид загадувањето на воздухот со кое се соочуваме во зимскиот период. Токму затоа, оваа година не издвојуваме средства од буџетот за финансирање бадникови огнови“, велат од Општина Аеродром.

Оттаму апелираат до граѓаните доколку палат огнови да не користат нееколошки огреви и огновите да не ги оставаат да горат по завршувањето на собирите.

Денеска и Општина Центар испрати соопштение дека нема да издвојува средства за бадникови огнови и наместо тоа, парите ќе ги насочи кон ново зеленило и за социјалните случаи.

Би можело да ве интересира

Обвинителството побара мерки за претпазливост за малолетниците кои во Аеродром тепаа и со мобилни ја снимаа жртвата

Горан Наумовски

37-годинашна жена од Аердром е пронајдена мртва во својот стан

Горан Наумовски

Маж од Аеродром е пронајден мртов во својот дом

Горан Наумовски

46-годишна жена е пронајдена мртва во стан во Аеродром

Горан Наумовски

Казна од 20.000 евра за нелегално фрлање отпад во Општина Аеродром

Наставничка е нападната додека држеше родителска од мајка на ученик

Горан Наумовски