Уредување на зелениот појас на булевар „Србија“

Од:

На булевар „Србија“ периодов екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ етапно извршуваат подигање и уредување на ново зеленило на јавни површини и реконструкција на јавно зеленило оштетено при вршење на комунални инфраструктурни објекти.

На потегот од кружниот тек кај Цементара сè до улица „Христо Татaрчев“ се извршија активности на реконструкција и уредување на булеварското зеленило. Уредување и зазеленување со поставување на систем капка по капка се изврши на зеленилото на кружниот тек, околу 3000 m2 странично зеленило, како и булеварска средишна жарадиниера, по што напролет ќе следи и хортикултурно доуредување.

Исто така, екипи од секторот „Подигање зеленило“ работат и на локации на улица „Февруарски поход“ и булевар „Трета македонска бригада“, соопштуваат од „Паркови и зеленило“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето