Се укинува бесплатниот градски превоз

Од:

Од денеска се укинува бесплатниот превоз, потврди скопскиот градоначалник Петре Шилегов на вчерашната прес-конференција на која го презентираше Буџетот за Град Скопје за 2018 година.

– Се враќаме во редовниот режим на функционирање имајќи предвид дека се изменети климатските услови кои доведоа во воведување на вонредните мерки. Станува збор за мерки за кои имаме прецизно утврдени нормативи кога ќе се применуваат и секогаш кога ќе бидат исполнети условите, овие мерки ќе се применуваат, рече Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање.

Вонредните мерки и препораки Градот Скопје ги воведе по добиеното соопштение од Министерството за животна средина и просторно планирање дека праговите на алармирање на ПМ10 (200 µг/м3 во 2 последователни дена на 2 мерни станици и прогноза за стабилна временска состојба) беа надминати во деновите 25 и 26 декември 2017 година.

Овие мерки и препораки ќе се воведат повторно доколку се повтори епизодата со загадувањето на воздухот, а за што граѓаните ќе бидат навреме информирани.

И покрај расчистувањето на воздухот поради појавата на ветерот и дождот, Градот Скопје апелира до граѓаните да не ги користат возилата без потреба, повеќе лица да се возат во едно возило, да се користи јавниот превоз, за затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал, да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и од отпадоци, а печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот