Руската телевизија „Раша Тудеј“ објави видео на ЈуТјуб кое што предизвика лавина реакции и коментари на социјалните мрежи.
Настанот од видеото е некаде во САД, воочи католички Божиќ. Момче подготвува традиционална божиќна закуска за Дедо Мраз, која се состои од чоколадни колачиња и млеко. Детето потоа се буди и оди до елката по подароци, а во позадина се слуша популарна божиќна музика.
Но, пред елката момчето го чека изненадувачка сцена – „американскиот“ Дедо Мраз е со врзани раце и со чорап во устата, очигледно нападнат од „рускиот“ Дедо Мраз. Во тој момент се појавува натпис „Ние го хакиравме Божиќ. Руски хакери“.
„Рускиот“ Дедо Мраз тогаш го поздравува момчето за Нова година и наместо да празнуваат за Божиќ го замолува да изрецитира руска стихотворба.
На крајот на видеото детето се обидува да ја изрецитира познатата стихотворба „За Татковината. Стиховите детето ги рецитира со силен американски акцент.
Многумина ги обвинија „РТ“ дека видеото е со невкусен хумор и дека покажува агресија во време кога треба да се празнува и поздравува.