Кадиров ги обвини САД за блокирањето на неговите профили на социјалните мрежи

Од:

Откако Фејсбук и Инстаграм вчера му ги деактивираа профилите на чеченскиот претседател Рамзан Кадиров, тој најави дека нема да бара реактивирање и за целиот случај ги обвини САД.

Тоа е прва реакција на Кадиров, кого минатата недела американското Министерство за финансии го додаде на т.н. „листа Магнитски“, обвинувајќи го за тoртура и убиства и за „чистки“ на хомосексуалците и бисексуалците во Чеченија и во севернокавкаскиот регион.

Тој е еден од четирите руски државјани кои се најдоа на дополнетата „листа Магнитски“, изработена врз основа на Законот за заштита на човековите права во Русија и поранешните советски републики, познат како „Акт Магнитски“.

Профилите на Кадиров на Фејсбук и Инстраграм, кои имаат илјадници следбеници, од завчера се недостапни. На овие профоли тој често објавуваше фотографии, прикажувајќи го својот екстравагентен стил на живот.

– Социјалните мрежи можат да блокираат профили, но името на Рамзан Кадиров никогаш нема да биде блокирано, нити од нив, ниту од нивните домаќини, порача чеченскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте