Коха диторе: Сао Томе и Принципе поништи признавање на Косово

Од:

Африканската држава Сао Томе и Принципе ја поништи одлуката за признавање на независноста на Косово, јави Танјуг.

Според Коха Диторе, претседателот на државата Мануел Пинто да Коста ја поништил одлуката од претходната коалициска влада од март 2012 година која никогаш не е усвоена во Парламентот.

Според весникот, причина што признавањето не било на гласање во Парламентот на Сао Томе и Принципе биле проблеми кои тогашната влада го имала со парламентарното мнозинство. Јетлир Зуберај, советник на Беџер Пацоли, заменик премиер на Косово, вели дека признавањето останува, а Владата во Косово не коментира за внатрешните случувања во таа држава.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина