Раст на индустриското во ноември од 4,1 отсто, од почетокот на годината 0,5

Од:

Индустриското производство од јанури до ноември годинава бележи раст од 0,5 проценти во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци индустриското производство во ноември годинава во однос на ноември лани бележи раст од 4,1 отсто.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во ноември 2017 година, во однос на ноември 2016 година, е на исто ниво, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 5,7 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 4,9 отсто.

Според објавените податоци зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство на прехранбени производи, на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, на производи од гума и производи од пластични маси, на други неметални минерални производи, на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, на електрична опрема, на машини и уреди, неспоменати на друго место и производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во ноември 2017 година, во однос на ноември 2016 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2,5 отсто, Капитални производи за 25,4 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 55,6 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за два отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,9 проценти.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он