„Улицата на радоста“ на Плоштад Македонија од утре со програма за најмладите

Од:

Новогодишниот базар, кој e во организација на Град Скопје и Конгресен центар Александар Македонски, поставен на Плоштад Македонија, со својата понуда им помога на многу наши сограѓани да одберат уникатен подарок за своите блиски.

„Улицата на радоста” на само неколку денови пред најлудата ноќ од утре ја збогатуваме со нови интересни содржини.

Од четврток, на Плоштад Македонија, па се до 30 декември, во два термина дневно (13 и 18 часот) најмладите ќе може да се забавуваат со Дедо Мраз и неговата дружина составена од Белата и Темната Кралица, Ангелите и Џуџињата. Претставата „Дедо Мраз во пензија” е збогатена со раскошни костими, убава музика и одлична актерска игра. Главните улоги ги играат Војо Цветановски, Тамара Ристоска и Маријана Станојковска. Претставата ветува одлична забава за најмладите.

Дополнително, ликовите од претставата задно со 12 извонредни музичари ќе направат една голема новогодишна парада и заедно со дечињата ќе прошетаат по улица Македонија и навистина ќе ја претворат во Улица на радоста.

Традиционалното пристигнување на Дедо Мраз на 31 декември на Плоштад Македонија во 12 часот е настан кој веруваме дека сите деца со нетрпение го очекуваат. Затоа Град Скопје се погрижи и годинава тој да пристигне на необичен начин и ќе биде изненадување за сите посетители.

Град Скопје ги поканува сите сограѓани и оние што ќе престојуваат во Скопје за празниците да ја посетат „Улицата на радоста” и да ја почувствуваат новогодишната магија. Празниците се поубави кога ќе ја споделиме радоста со блиските.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето