Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст-Струмица“ на покана на здружението „Сви.“ од Лесковац, Србија ќе гостува во Марфи Паб на вечер посветена на „Македонската современа поезија“.
Настанот во Лесковац е насловен „Бесни песни од Македонија“, а ќе настапат десетина поети меѓу кои: Елена Пренџова, Стефчо Стефанов, Оливера Доцевска, Марјан Минов, Живка Коцева Караџовска, Диме Данов, Сотир Георгиевски, Митко Гогов и Жаклина Свеќаровска.
Поетската вечер има мултимедијален формат во кој публиката ќе може да ужива во класичното рецитирање, но и во слем поезијата и перформативните презентации, а ќе земаат учество и поети од Лесковац, Врање, Панчево и Белград.