Општинскиот буџет на Ѓорче Петров за речиси 2 милиони евра поголем од минатиот

Од:

Општина Ѓорче Петров наредната година ќе троши буџет висок 11.282.000 евра, што е за милион и 790 илјади евра повеќе од овогодинешниот буџет.

Три милиони и 115 илјади евра од овие средства општината ќе ги намени за проектирање, изградба и реконструкција на улици, водовод и канализација (атмосферска и фекална), улично осветлување, изградба на спортски објекти итн, додека за тековно-оперативни расходи се предвидени 243.370.000 денари или 3.957.000 евра

Буџетот денеска беше изгласан со 13 гласа „За“. Овој буџет се остварува од основните изворни приходи како персонален данок, данок на имот, трансфери од други нивоа на власт, капитални приходи…

– Ценам дека и натаму ќе работиме интензивно за потребите на граѓаните и ќе ја оставиме политиката настрана. Знаете сите во каква тешка состојба ја затекнавме општината и оти немавме ниту еден основен и развоен проект. Ѓорче Петров е во мрак, плаќаме заостанати фактури и во 21. век имаме состојба кога нема вода во делови од населбата. Проекцијата на буџетот е таква заради чесно работење во иднина и заради повеќе проекти, рече градоначалникот Александар Наумоски пред советниците.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Кривични за градоначалникот на Ѓорче и министерот за транспорт – „Нема да дозволиме еколошка катастрофа на Скопје“

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Три хемиски фабрики во новиот ДУП за Ѓорче – „Загрозен животот на карпошани“, Јакимовски бара Уставен да го укине

Анита Петровска Рајковиќ

Левица: Скандалозен екоцид со амин на градоначалникот Стојкоски

А1он

Реакција на Општина Ѓорче Петров: Арсовска да не раскажува ловечки приказни, нека сработи нешто

Арсовска: Вработен во Ѓорче Петров имал дива депонија, општината била клиент, следуваат кривични пријави

Александар Тодески

Претрес во Ѓорче Петров, пронајдена дрога, приведен дилер

А1он