На меѓународниот натпревар „Нови Сад на мраз 2017“ викендот во главниот град на Војводина, во конкуренција на 50 натпреварувачи македонските натпреварувачи освоија четири медал.
Златен медал во категоријата Кадети А – мажи освои Јан Стојановски.
Во категоријата Кадети А – жени, среброто е за Јана Куковска.
По еден борнзен медал освоија Тина Вичишка и Снежана Тунеска во интерпретативните категории.
– Ова е прв меѓународен натпревар сезонава, а истата ја стартувавме со нов тренер од Белорусија- Vitaly Luchanok. Со новиот врвен тренер, очекуваме подобрен квалитет во настапите и уште подобри резултати до крајот на сезоната, а и во иднина. Оваа заложба и резултати им ја должиме пред се на спортистите кои во изминатиов период напорно работеа, но и на големата поддршка што како Федерација ја имаме од СЦ Борис Трајковски, Агенцијата за Млади и Спорт и Македонскиот Олимписки Комитет, изјави Цветанка Макаровски, претседател на Федерацијата за лизгачки спортови на Македонија.
Директорот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ Александар Петровски денес им го честиташе успехот на натпреварувачите и им посака уште поголеми успеси.