Учениците заинтересирани за дошколување во странство

Од:

Кај учениците и студентите постои голем интерес за продолжување на школувањето надвор. Позитивно го перципираат проектот на Министерството за образование и наука (МОН) за обезбедување стипендии, но сметаат дека се потребни едукативни кампањи за поголемо запознавање со начинот на апликација и приемот на странските универзитети.

Ова се генералните заклучоци од истражувањето што го спроведе Институтот за политички Истражувања од 25 ноември до 6 декември 2012 година.

Според анкетираните вкупно 1004 испитаници, потребни се дополнителни инструменти за анализа и следење на програмите и проектите на МОН и ЕУ, особено за студии во странство и размена на студенти, како и информативна кампања во средните училишта и факултетите за можностите за стипендирање кои ги нуди Министерството за образование и наука.

За продолжување на образованието на некој од европските или светски универзитети размислуваат 72,2 отсто, додека тоа сигурно би го сториле 85,5 проценти ако добијат стипендија. Со конкурсот на МОН за доделување стипендии за додипломски/последипломски студии во странство за академската 2012/2013 година не се запознаени 69,7 отсто, а за доделување на стипендии во странство за академската 2013/2014 планираат да аплицираат 36,1 процент.

Само 15,1 отсто знаат како да конкурираат на универзитетите во странство за додипломски или постдипломски студии, додека 32,3 проценти се делумно запознаени. Притоа, на 62,2 отсто од испитаните им треба помош при аплицирањето за школување надвор.

На прашањето дали сметаат дека доделувањето на стипендиите за студирање во странство од страна на МОН ќе биде/е објективно, потврдно одговориле 30,1 отсто, 33,3 проценти сметаат дека е делумно праведно, а 13,3 отсто дека е необјективно.

Поголем процент, 68,5, се уверени дека перспективата им е во надградување и усовршување на образованието.

Анализата на Институтот за политички истражувања опфати студенти и ученици во нивните две последни години од средното образование или додипломските студии. Анкетата беше спроведена во повеќе средни училишта и факултети.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николова: Предложените реформите се без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура