Ангелов му честита на Мицкоски: Обедини ги сите вмровци

Од:

Стојанче Ангелов од Достинство го поздрави изборот на Христијан Мицкоски за претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Од она што од јавноста може да се дознае за неговата човечка димензија, за неговиот приватен и семеен живот, посебно за неговите професионални квалитети и кариера, има надеж дека ВМРО-ДПМНЕ најпосле ќе тргне по еден нов пат, пат на напредок, пат на помирување помеѓу македонскиот народ, пат на помирување помеѓу сите македонски граѓани, пат на модерна македонска држава.

Но, за почеток, најпрво ќе треба да ги обедини, ако не сите, тогаш, најголемиот дел ВМРО-вци, и стари и нови, и поранешни и сегашни, и разочарани и задоволни, и оние кои го фалат но и оние кои го критикуваат. Нормално, некои од нив ќе треба да ги тргне што подалеку од партијата а за некои од нив ќе му помогне и законот. Законот ќе му помогне да се ослободи од некои од нив а со тоа да се ослободи и од нивното потенцијално штетно влијание.

За крај, уште еднаш, честитки до д-р Христијан Мицкоски, новиот претседател на нашите политички противници“ напиша Стојанче Ангелов.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

Мицкоски: Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување, но нема да се откажеме од правдата

Мицкоски: Нема да има енергетски шокови оваа зима

(ВИДЕО) Кузеска: „Нула денари“ или 5,5 милиони евра, СДСМ бара целосна сметка од Мицкоски

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

Автопатот Прилеп – Битола добива приоритет, Мицкоски најави пуштање на првите 10-12 километри