ВМРО-ДПМНЕ: Не постои никаква законска основа за продолжување на притворот за затворените патриоти

Од:

„Десетици патриоти неправедно се гонети за измислено дело тероризам. Десетици патриоти без никаква основа се фрлени во притвор каде хунтата се изживува врз нив газејќи ги човековите права и достоинството.

Истекуваат 30 – те дена од изречениот притвор. Не постои никаква законска основа притворот да биде продолжен. Секоја друга одлука ќе биде политичка нарачка на Зоран Заев во функција на заплашување на оние кои мислат гласно да говорат и да изразат несогласување со неговите антидржавни политики.

Светските медиуми веќе пишуваат за бруталноста на хунтата која не почитува ни право ни правичност. Германските медиуми пренесуваат за политичкиот прогон на оперскиот великан Игор Дурловски.
Медиумите од Германија пишуваат за политичкиот прогон, репресивноста и реваншизмот кој се врши во Македонија под капата на хунтата. Хунтата со методите на политички прогон не ја носи државата кон ЕУ, туку ја оддалечува, ја урива демократијата и го уништува владеењето на правото.

Човековите права се газат. Хунтата се изживува со секој еден кој има различен став. Ова мора да запре.

ВМРО-ДПМНЕ бара:
1. Безусловно запирање на сите овие процеси на политичкиот прогон.
2. Итно и безусловно стопирање на малтретирањата, на теророт и изживувањето кое го прави СДС.
3. Итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон.

Хунтата мора да знае дека одговорност за ова незаконие и политички прогон ќе има. Република Македонија мора да биде демократска и слободна држава, со цврсто вкоренет принцип на владеење на правото ВМРО-ДПМНЕ тоа го гарантира“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од партија, ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот македонски политички бренд

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема кредибилитет да зборува за земјоделието

ВМРО-ДПМНЕ: Зголемена поддршка за младите со Оперативниот план за вработување за 2026 година

Миле Лефков, Бобан Стефковски и Зоранчо Јованчев нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ