Два дена откако на хрватската железница е пронајден експлозив, во Загреб синоќа одекнаа повеќе експлозии. Едно лице е повредено, но нема опасност по неговиот живот, јавија хрватските медиуми.
На полноќ експлодирала бомба во дел од градот кој се нарекува Стењевац, а потоа одекнале уште три детонации. Едно лице е повредено и превезено во болница, а на загрепските улиици се наоѓаат пожарникари, полиција и специјални единици.
Експлозиите се случиле во близина на автобуската станица, а набрзо на социјалните мрежи се проширила вест дека експлодирала бомба и на железничката станица, но набрзо од полицијата тоа е демантирано.
Подоцна се очекува полицијата излезе со официјално соопштение за настанот.
Во моментот на местото е вистинсхи хаос, јави хрватскиот портал Индекс. Полицијата го пренасочува движењето во тој дел на градот. Полицајци со автомати ги запираат и претресуваат сите автомобили кај железничката станица Подсусед, исто така во западниот дел на Загреб, каде што на 9 јануари при преминување на товарен воз одекна силна експлозија, која предизвика сериозни материјални штети.