ВМРО-ДПМНЕ на Конгресот во Валандово ја претстави Стратегијата за влез во ЕУ и НАТО според која партијата останува на курсот за евроинтеграции, но нагласува дека не е можна промена на името на државата доколку за тоа нема одобрение од мнозинството граѓани на Македонија.
Партиска стратегија и политика е потврдена – нема промена на Уставот со цел промена на уставното име на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати идеи и предлози што би го загрозиле македонскиот народ и идентитет, јазик и култура, ВМРО-ДПМНЕ како одговорна и народна партија нема да дозволи кое било решение да биде прифатено од политичари и поединци без да се изјаснат граѓаните на референдум, а притоа мнозинството да се согласат со тоа решение, рече Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ.