Отпочнаа активностите за проектот „Трговијата и транспортот на Западен Балкан“ во соработка со Светска Банка

Од:

На денешната седница владата ја разгледа и информацијата за предлог проектот „Трговијата и транспортот на Западен Балкан“ (Western Balkans Trade and Transport)предложен од Светска Банка, како и потребните идни активности за негова имплементација, за чија реализација е надлежно Министерството за транспорт и врски.

Овој проект се состои од серија проекти во државите вклучени во него со кои се поддржуваат владините напори за промоција на подлабока економска интеграција во рамки на регионот. Со проектот ќе се олесни прекуграничното движење на стоки со усвојување на Национален Единствен Прозорец (National Single Window), и со подобрување на граничните премини во одбрани трговски коридори. Со овие проекти исто така ќе се зголеми ефикасноста и сигурноста на транспортот и ќе се подобри пристапот на пазарот на трговија со услуги и инвестиции.

Владата беше информирана дека за координација и за следење на спроведувањето на проектот, ќе се формира работна група предводена од Министерство за транспорт и врски со претставници и на Министерството за финансии, Царинската управа на Република Македонија, Министерството за внатрешни работи, Министерството за економија, Агенцијата за храна и ветеринарство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски