Кошаркарите на Работнички и Струмица го отвараат 11. коло

Од:

Кошаркарите на Работнички и Струмица денеска ќе го отворат 11.коло во Првата кошаркарска лига.

Тимот на Работнички ја има улогата на пасолутен фавирит. Тимот од „Градски парк“ кој е лидер на табелата, досега има максимални единаесет победи, наспроти само една на струмичани кои се последно пласирани.

Дуелот меѓу Работнички и Струмица ќе се игра вечерва во терминот од 19 часот и 30 минути.

Утре на програмата се три средби, Гостивар – Куманово, АВ Охрид – Карпош Соколи и Блокотехна – Фени Индустри, додека Шкупи и Кожув ќе играат во недела.

Колото ќе биде комплетирано со средбата Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром чиј термин дополнително ќе биде одреден, а е одложен поради настапот на шампионот во АБА лигата.

Табела: Работнички 20 бодови, Блокотехна 18, Гостивар 17, Куманово 16, Фени Индустри 16, МЗТ Скопје 15, Карпош Соколи 15, АВ Охрид 13, Шкупи 12, Пелистер 12, Кожув 12 и Струмица 10.

Ова ќе биде и последното коло во првиот дел од сезоната, по што ќе претстои пауза до 13 јануари за кога е закажана втората полуетапа.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ