Исклучените домаќинства од централно градско греење нема да плаќаат паушал

Од:

Владата на Република Македонија ја информира јавноста дека домаќинствата кои се исклучени од централното греење во град Скопје, во наредната 2018 година ќе бидат ослободени од плаќање на паушалот кој во моментов го исплаќаат.

„Проблемот со кој се соочуваат граѓаните, владата предвиде да го реши во рамките на новиот предлог Закон за енергетика.

Имено во подзаконските акти на Законот за енергетика кој ќе се воведе во текот на 2018 година се предвидени специфични решенија со кои во рамките на законската регулатива ќе се реши оваа наследена ситуација“, се вели во соопштението на Владата на РМ.

Би можело да ве интересира

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад